Што се случило: Шеснаесетгодишно момче со нож го прободел својот соученик во стомакот во
училишниот двор каде што и двајцата учат, информираа од МВР.
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 16 годишен малолетник од
Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Според информациите од полицијата, на 10 април, годинава околу 13,00 часот во училишниот двор од
средно училиште од Скопје по претходна вербална расправија со негов врсник Ф.Р. пријавениот со
нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот.
Датум, време и место на инцидентот: 10 април, околу 13:00 часот, во средно училиште во Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум фокус.мк.
Инволвирани жртви: 1 малолетник (16 год).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Тешка телесна повреда (Член 131, КЗ на РСМ),
Учество во тепачка (Член 132, КЗ на РСМ)
Сторители: 1 малолетен сторител (16).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачот се од различно етничко
потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на ученици во или блиску училиште.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, за овој инцидент нема дополнителни
податоци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).