Што се случило: Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во изјава за Фокус вели дека денеска
двајца професори во Гостивар биле нападнати од членови на ДУИ.Едниот од професорите бил тешко
повреден и е задржан на неврохирургија со потрес на мозок. Другиот е пуштен дома.Претходно, во
вечерашното гостување на телевизија Телма, Таравари рече дека министерот за внатрешни работи,
Оливер Спасовски често бил на приватни прослави на фунцкционери на ДУИ во Гостивар, и се надева
дека ќе преземе мерки овој случај да биде расветлен.
Датум, време и место на инцидентот: 13 април, во неопределно време, Гостивар.
Извор на информации: Електронски медиум Телма телевизија, фокус.мк.
Инволвирани жртви: двајца возрасни мажи.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Тешка телесна повреда (Член 131, КЗ на РСМ)
Сторители: поголема група сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичка
припадност а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, овој инцидент воопшто не е
регистриран.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна и политичка состојба во земјата