Што се случило: На 18.03. 2018 година во 21,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било
пријавено дека истиот ден околу 18,30 часот во с.Петровец-скопско во касарната „Страшо Пинџур“,
професионален војник додека извршувал задачи на стражарското место кај хеликоптерското
одделение, забележал три лица кои дошле со патничко возило. Откако биле предупредени да се
оддалечат од оградата од касарната бидејќи се работи за воен објект, лицата почнале да фрлаат со
камења кон него, а потоа го напуштиле местото на настанот. На С.М. му била укажана лекарска помош
во Градската општа болница „8-ми Септември“ и е пуштен на домашно лекување. Се работи на целосно
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 18.03. 2018 година во 21,20 часот, с.Петровец-скопско во
касарната „Страшо Пинџур“
Извор на информации: дневен билтен
Инволвирани жртви: еден професионален војник
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: тројца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Место – Инцидентот се случил на место каде околните села живеат лица од албанска етничка
заедница
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР се наведува дека полициските
службеници извршиле анкетирање и разговори со повеќе повикани лица и дека се преземаат мерки и
активности за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на луѓето.