Што се случило: На 18.03.2018 година во 16,30 часот, Р.И. (62) од с. Брњарци-скопско, пријавил дека
истиот ден околу 16,00 часот во угостителски објект на улицата „Маџари“ бил физички нападнат од
страна на четири непознати лица. Додека седел во угостителскиот објект, влегле лицата и едно од нив
со чаша го удрило во пределот на главата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 18.03.2018 година во 16,30 часот, угостителски објект на улицата
„Маџари“, Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: 1 жртва.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: 4 (четири) сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
2. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло (македонци
и албанци);
3. Место – Инцидентот се случил во нас. Ченто, каде и претходно имало вакви и слични напади и
каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР е наведено дека се преземаат
мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на овој инцидент согласно Законот
за прекшроци против јавен ред и мир.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.