март 26, 2018

Вандалски графит на канцеларијата на пратеници во Прилеп

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: На ѕидот од канцеларијата за контакти со граѓаните на пратениците од СДСМ во
Прилеп осамна испишан графит „Локвенец и Кети – мртви сте ВМРО“. Случајот е пријавен во полиција
и е направен записник.

Датум, време и место на инцидентот: 26 март, неопределно време, канцеларијата на пратеници во
Прилеп
Извор на информации: Електронски медиум бриф.мк.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ)
Сторители: еден сторител кој е идентификуван.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичка
припадност а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој случај воопшто не е евидентиран.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и политичката стабилност.

Адреса
Прилеп, Северна Македонија
Име на Локација
канцеларијата на пратеници во Прилеп

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Вандалски графит на канцеларијата на пратеници во Прилеп image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност