Што се случило: Вработен во средното училиште Арсениј Јовков во Скопје пријавил дека надвор од
училишниот двор 16 годишен ученик од с. Студеничани бил нападнат од друг малолетник, а на тепачката
подоцна се придружиле и уште неколку други малолетници и ученици во училиштето. Нападнатниот
малолетник се здобил со телесни повреди, а случајот е пријавен во полиција.
Датум, време и место на инцидентот: 09 март, околу 16:00 часот, пред училишниот двор на ДСУ Арсениј
Јовков во Чаир, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Канал 5 телевизија.
Инволвирани жртви: 1 малолетник (16 год.).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ), Учество
во тепачка (Член 132, КЗ на РСМ)
Сторители: Група малолетници од кои еден е идентификуван.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пред училишниот
двор на средно училиште кое се наоѓа во Чаир (мешана етничка среднина) пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – нападнатиот малолетник и малолетниците напаѓачи се од
различно етничко потекло (македонци и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – судир и конфликт помеѓу ученици од различно етничко потекло
особено во главниот град се случува многу често. Ваквите судири најчесто се случуваат помеѓу
деца од македонско и албанско етничко потекло, додека другите заедници поретко или никогаш не
се инволвирани во вакви инциденти.
3. Место – Инцидентот се случил во средно училиште и во населено место каде живее мешано
етничко население и учат ученици од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, се наведува дека од преземените
мерки и активности како сторител е утврдено едно малолетно машко лице, а се преземаат дополнителни
мерки и активности за откривање на идентитетот на другите лица инволвирани во инцидентот. Исто така
се наведува дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО
( напомена: во вакви случаи важи Законот за правда за децата и постапката за деца во ризик и деца
вклучени во кривични дела се разликува од онаа утврдена со ЗКП).
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).