Што се случило: Пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски бил нападнат од непознато лице кое му
удрило неколку шлаканици на скопскиот централен плоштад. Случајот е пријавен во полициска станица
Центар, а пратеникот побарал медицинска помош. На 04.04.2018 полицијата го идентификувала
сторителот и против него е поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство согласно член
386 од КЗ
.
Датум, време и место на инцидентот: 20 март, градски плоштад во Скопје.
Извор на информации: електронски медиум: судство.мк, доказ.мк, пресс24.мк
Инволвирани жртви: пратеникот Горан Милевски
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден идентификуван сторител (П.В.).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичка
припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Перцепција на жртвата – жртвата гледа на инцидентот како пристрасно мотивиран;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.
Статус на случајот: поднесена кривична пријава, нема информации за текот на кривичната постапка.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, се наведува дека е поднесена
кривична пријава за кривично дело Насилство по член 386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.