Што се случило: На 1 март 2018 година на пладне, 17-годишно момче било избодено со нож на „Рекорд“
во центарот на Скопје, соопшти МВР.
Момчето било нападнато од две лица и е прободено со остар предмет во стомакот. Напаѓачите
најверојатно користеле нож.
Нападот се случил околу 12.40 часот на прометната автобуска постојка на Рекорд во центарот на
Скопје. Минувачите повикале итна помош, а повредениот тинејџер е префрлен во Градската општа
болница Свети Наум Охридски.
Полицијата го истражува случајот, приведени се двајца сторители, поднесени се две кривични пријави
против истите.
Датум, време и место на инцидентот: 1 март 2018 година на пладне, на Рекорд во Скопје.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерство за внатрешни работи, Електронски медиум
спортмедиа.мк; Електронски медиум спортклуб.мк. телевизиски медиум: Канал 5 телевизија.
Инволвирани жртви: еден 16 годишен ученик кој е и навивач на Комити.
Вид на злосторства: Тешка телесна повреда (Член 131, КЗ на РСМ), Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца идентификувани сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот
мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло и припадност на навивчка група – жртвата била од македонска етничка
припадност и бил член на навивачка група Комити, а напаѓачите наводно биле од албанска етничка
заедница и членови на навивачка група на Шверцери иако водачите на двете навивачки групи го
негирале тој податок;
2. Локацијата – инцидентот се случил во јавност на автобуска постојка.
Статус на случајот: поднесена кривична пријава, против малолетен 15 год и Р.А. (18) за кривично дело
„Наилство“ по член 386 од КЗ на РСМ. За понатамошниот тек на постапката немаме информација до
каде е истата.
Одговор на локалните власти: На Барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го
испрати до МВР во врска со овој инцидент, МВР даде одговор за овој случај од нивната евиденција, но
не потврди ниту еден од индикаторите за квалифицирање како дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.