Што се случило: Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основно јавно
обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Х. (46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение
за сторено кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“,
казниво по член 394-г од Кривичниот законик. Пријавениот, на 25.11.2019 во 10.14 часот на социјалната мрежа
Facebook коментирал на објава од интернет портал, со која го сторил делото.
Датум, време и место на инцидентот: 25.11.2019, социјална мрежа Facebook
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: /
Вид на злосторства: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (Член
394-г, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) непознат сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти
Статус на случајот: поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: поднесена кривична пријава. Делото е квалификувано како дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.