Што се случило: На 27.11.2019 во 18.55 часот во СВР Скопје, Б.И. (43) од Скопје пријавил дека околу 18.45 часот
на ул. „Филип Втори Македонски“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица. Се преземаат
мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 27.11.2019, 18.45, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца (2) сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти
Статус на случајот: непознато.
Одговор на локалните власти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.