Што се случило: На 18.11.2019 околу 01.00 часот во СВР Скопје, М.Л.(34) од Скопје пријавил дека на 17.11.2019
околу 21.30 часот на бул. „Македонско-косовска бригада’’ неговиот малолетен син бил физички нападнат од
неколку лица со метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 17.11.2019, 21.30, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиуми
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) непознат сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.