ноември 13, 2019

17 годишно момче физички нападнато од неколку лица

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 13.11.2019 во 12.40 часот во СВР Скопје, И.М. (54) од Скопје пријавил дека околу 11.30
часот во близина на угостителски објект на ул.,,Казанџиска’’ неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од
неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 13.11.2019, 11.20, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку сторители, еден (1) идентификуван
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти

Статус на случајот: затворен.
Одговор на локалните власти: Сочинет записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ против едно
лице.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
ул.,,Казанџиска’’ Скопје
Име на Локација
ул.,,Казанџиска’’ Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
17 годишно момче физички нападнато од неколку лица image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност