Што се случило: На 10.11.2019 во 21.00 часот во Полициската станица Гостивар, А.И. (35) од Гостивар пријавил
дека околу 17.30 часот на кошаркарскиот натпревар Гостивар – Кожуф, што се играл во спортската сала
„Младост“ во Гостивар, 19-годишниот навивач на „Кожуф“ Д.С. од Гевгелија со дрвен предмет фрлил и му
нанел повреда. Набргу потоа, Д.С. бил обезбеден и по целосно документирање на случајот против него ќе биде
поднесен соодветен поднесок.
Датум, време и место на инцидентот: 10.11.2019, 17.30, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, emagazin.mk; 24info.mk; kurir.mk;
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти
Статус на случајот: поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: Од страна на ПСОН Гостивар до Основен суд Гостивар е поднесено барање за
поведување прекршочна постапка против сторителот за сторен прекршок по чл.3 од Закон за спречување на
насилството и недостојното однесување на спортски натпревари.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.