Што се случило: На 01.11.2019 во 12,50 часот Р.Н. (62) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 09,10 часот на
булеварот „Трета Македонска Бригада“ во средно училиште неговиот 16 годишен син физички бил нападнат од
Е.Х. и Е.Р. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 01.11.2019, 09.10 часот, Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, .novamakedonija.com.mk; slobodenpecat.mk; makfax.com.mk;
kurir.mk; press24.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (член 386 од КЗ)
Сторители: двајца (2) сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата имаат различна етничка припадност
2. Локација – настанот се случил на локација каде што претходно имало слични инциденти
3. Изостануваат други мотиви
Статус на случајот: затворен
Одговор на локалните власти: Сочинет записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.