Што се случило: На 16.10.2019 околу 11.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред училиштето во
с.Јурумлери, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу малолетник од с. Јурумлери и друг малолетник од с. Идризово. На малоленикот од с. Јурумлери му била укажана лекарска помош во Комплекс
клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 16.10.2019, 11.35 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, skopje1.mk; mkd.mk; fokus.mk; kurir.mk; press24.mk; netpress.
com.mk; slobodenpecat.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (член 386 од КЗ)
Сторители: еден (1) сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Изостануваат други мотиви
Статус на случајот: поднесена кривична пријава
Одговор на локалните власти: На 16.10.2019 од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична
пријава против едно лице за сторена кривично дело „Тешка телесна повреда“ од чл. 131 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.