Што се случило: На 01.10.2019 околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус бр.63 на ЈСП
Скопје, кој се движел од Транспортен центар кон бул. „Кузман Јосифовски Питу“, непознат сторител со закана
му одзел златно ланче на 16-годишник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 01.10.2019, 19.00 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, skopje1.mk; emagazin.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Разбојништво (член 237 од КЗ)
Сторители: еден (1) сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата имаат различна етничка припадност.
2. Локација – настанот се случил на локација каде што претходно имало слични инциденти и каде што
живее мешано етничко население.
Статус на случајот: непознато
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.