Што се случило: На 23.09.2019 во 23.20 часот во СВР Скопје, Ц.Д. (51) од Скопје пријавил дека околу 23.05 часот
пред угостителски објект на ул. „11-ти Октомври“, неговиот 17-годишен син и Д.Т. (18), и двајцата од Скопје, биле
физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 23.09.2019, 23.05, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, kurir.mk; emagazin.mk; iportal.mk; press24.mk
Инволвирани жртви: две (2) жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) непознат сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти
Статус на случајот: затворен
Одговор на локалните власти: Констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.