септември 20, 2019

14 годишно момче нападнато со остар предмет во Сарај

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 20.09.2019 во 11.30 часот во Полициското одделение Сарај, А.Б.(53) од Скопје пријавил дека
околу 10.30 часот во Рекреативниот центар Сарај неговиот 14-годишен син бил нападнат со остар предмет од
едно лице и му нанел повреда на раката. Се работи на расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 20.09.2019, 10.30, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, lokalno.mk; kurir.mk; slobodenpecat.mk; novamakedonija.com.mk;
republika.mk; makfax.com.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130 од КЗ на РСМ)
Сторители: двајца (2) сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти
2. Изостануваат други мотиви

Статус на случајот: затворен.
Одговор на локалните власти: Констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.

Адреса
Рекреативниот центар Сарај, Скопје
Име на Локација
Рекреативниот центар Сарај, Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Напад со студено оружје Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
14 годишно момче нападнато со остар предмет во Сарај image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност