Што се случило: На 11.09.2019 во 22.30 часот во СВР Скопје, С.С. (31) од с.Трубарево пријавил дека околу
04.15 часот на ул.„Кемал Сејфула’’ физички бил нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на
случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 11.09.2019, 04.15, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: тројца (3) непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде што циркулира мешано етничко население.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството