Што се случило: На 06.09.2019 во 15.50 часот во СВР Скопје, Ц.Љ. (58) од Скопје, пријавил дека во средно
училиште на улица ,,Стрезово’’ неговата 15- годишна ќерка била физички нападната од соученичка. Се преземаат
мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 06.09.2019, 15.50 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) неидентификуван малолетен сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во училиште каде што учи мешано етничко население.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.