Што се случило: На 31.08.2019 во 02.00 часот Н.А. (40) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ неговиот
17-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 31.08.2019, 02:00 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, kurir.mk; skopje1.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: повеќе непознати малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти.
Статус на случајот: затворен.
Одговор на локалните власти: Констатирани прекршоци од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.