Што се случило: На 27.08.2019 во 02.55 часот во СВР Скопје, Џ.Х.(22) од Скопје пријавил дека на улица ,,Максут
Садик’’ бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 27.08.2019, 02.55 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, opserver.mk; emagazin.mk; centar.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство ( член 386 од КЗ)
Сторители: тројца (3) непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на локација каде што живее мешано етничко население.
3. Изостануваат други мотиви
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: полицијата работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.