Што се случило: На 24.08.2019 во 04.30 часот во СВР Скопје, Г.К. (40) пријавил дека на бул. ,,Партизански
одреди” бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 24.08.2019, 04.30 часот, Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, opserver.mk; skopje1.mk; slobodenpecat.mk; republika.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство ( член 386 од КЗ)
Сторители: повеќе сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата имаат различна етничка припадност
2. Локација – настанот се случил на локација каде што претходно имало слични инциденти
3. Изостануваат други мотиви
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.