јули 24, 2019

Нападнати мигранти од Пакистан во село Ваксинце

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 24.07.2019 во 02.10 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во село
Ваксинце, општина Липково, има повредени странски државјани. Полициски службенци излегле на местото и ги
затекнале А.Р. (23), М.К. (20), Х.А. (23) и Н.Т. (24), сите од Пакистан, кои имале повреди по телата. Според нивно
кажување тие биле нападнати од неколку други лица од Пакистан кои побегнале потоа. Лицата биле пренесени
во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош, по што А.Р. и Х.А., кои имале убодни рани
во пределот на ногата, биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје,
додека останатите биле задржани за лекување во болницата Куманово. Извршен е увид на местото на настанот
и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 09.06.2019 година во 22.30 часот на улица „Методија Митевски“.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: четири (4)жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: повеќе непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори:
Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Локација – настанот се случил во дел на градот, каде транзитираат нерегуларни мигранти и каде што
имало претходни инциденти од ваков вид.
2. Начин на извршување – Убодни рани во пределот на нозете на жртвите упатуваат на особена бруталност
на нападот

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата.

Адреса
улица „Методија Митевски“
Име на Локација
Ваксинце, Општина Липково, Северна Македонија

Број на жртви
4
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнати мигранти од Пакистан во село Ваксинце image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда Тешка телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност