јуни 29, 2019

Нападнат ЛГБТ активист после Парадата на гордоста

Инцидент
Инциденти сторени заради сексуална определба и/или родов идентитет

Што се случило: На 29.06.2019 околу 16.00 ч. било пријавено дека во Скопје на кањонот „Матка“, И.Б. (32), Л.
З. (33) и Џ.К. (33), А. И. (21), Л. Х. (32), и Б. А. (36) биле навредувани и добиле закани од неколку лица. Потоа,
во близина на плоштадот „Иса Булетини“ во Сарај Ј.А. (30) од Скопје физички го нападнал Б.А. Ј.А. веднаш е
приведен во полициска станица за натамошна постапка и целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: На 29.06.2019 околу 16.00 ч. во близина на плоштадот „Иса Булетини“
во Сарај
Извор на информации: дневен билтен на МВР, slobodenpecat.mk; 1tv.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртвa
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
сексуална ориентација, а пристрасните индикатори се:
1. Сексуална ориентација – жртвата е со различна сексуалан ориентација.
2. Време – веднаш после одржаната парада.

Статус на случајот: идентификуван сторител
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата.

Адреса
Сарај, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
кањон „Матка“/плоштад „Иса Булетини“

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападнат ЛГБТ активист после Парадата на гордоста image

Кривични дела

Против слободите и правата
Повреда на еднаквоста на граѓаните Превенција или нарушување на јавниот собир

Основа

Сексуална ориентација