јуни 17, 2019

Сквернавење гробно место во гробишта Камник

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 17.06.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Р.(74) од Скопје
пријавил дека во периодот од 15.06.2019 до 16.06.2019 година бил оштетен надгробен споменик на гробишта
Камник. Се работи на расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: во периодот 15-16.06.2019 година, гробишта Камник
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ)
Сторители: непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде циркулира мешано етничко население.
3. Начин – и претходно се регистрирани инциденти каде се сквернавени гробови на православни гробишта
во овој дел од градот

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
гробишта Камник
Име на Локација
гробишта Камник

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Религиозен објект
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Сквернавење гробно место во гробишта Камник image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Осквернување на гроб

Основа

Религија или уверување