март 15, 2019

Штипјанец ширел омраза преку интернет

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Што се случило: СВР Штип поднесе кривична пријава против И.И.(42) од Македонска Каменица поради
постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал
по пат на компјутерски систем“. Во текот на март 2019 година на социјалната мрежа „Facebook“, од негов
кориснички профил објавил содржина со која го сторил кривичното дело.

Датум, време и место на инцидентот: ширел омраза преку Facebook
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (Член
394-г, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) познат сторител, И.Ј. од Куманово
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот ширел говор на омраза против различна етничка заедница.
2. Начин на сторување – многу често социјалните медиуми особено Facebook се користи како простор за
сторување на ваков вид инциденти

Статус на случајот: поднесена кривична пријава
Одговор на локалните власти: Сторителот бил привреден и против него е поднесена кривична пријава за
кривично дело по член 394-г од КЗ. Кривичното дело е квалификувано како дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Makedonska-Kamenica, North Macedonia
Име на Локација
Makedonska-Kamenica, North Macedonia

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Штипјанец ширел омраза преку интернет image

Кривични дела

Против јавниот ред
criminal_offences_06_against_the_public_order_2: Spreading racist and xenophobic material via information system

Основа

Националност Етничка припадност Религија или уверување