Што се случило: На 05.06.2019 година во СВР Скопје, С.С.П.(26) од село Стајковци, скопско, пријавил дека
истиот ден околу 15.15 часот во продавница на улица „Париска комуна“ во Скопје, П.Ј.(65) од Скопје физички го
нападнал Б.И.(27) од село Сингелиќ, скопско. По преземени мерки П.Ј. бил приведен во Полициската станица
Гази Баба и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Датум, време и место на инцидентот: на 05.06.2019 с. Синѓелиќ, Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, press24.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) познат сторител, С.П. од с. Стајковци
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата се од различна етничка заедница.
2. Начин на сторување – во овие населени места живеат Македонци и Албанци и претходно се регистрирани
инциденти сторени од омраза по етничка основа.
Статус на случајот: поднесена кривична пријава
Одговор на локалните власти: Сторителот бил привреден и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок
за кривично дело.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.