Што се случило: На 26.05.2019 година во 15.21 часот во СВР Скопје, пријавено е дека во автобус на ЈСП со
број 57 на ул„Христијан Тодоровски Карпош“ (Чаир-Бутел) бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од
неколку лица врз И.Г.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 26.05.2019 година во 15.21 часот, автобус на ЈСП со број 57 на ул„Христијан
Тодоровски Карпош“ (Чаир-Бутел)
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во автобус бр. 57 кој вози на релација каде живее мешано население и
каде често се случуваат вакви инциденти.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Поднесен записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата и младите луѓе.