мај 23, 2019

Физички нападната ученичка во ОУ „Н. Н. Борче- Маџари

Инцидент
Инциденти сторени заради сексуална определба и/или родов идентитет
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 23.05.2019 во 18.00 часот Ф.С.А (32) од Скопје, пријавил дека на 22.05.2019 год во 15.00
часот во ОУ ,,Наум Наумовски Борче,, од страна на друг ученик физички била нападната неговата ќерка. Се
работи на расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: на 22.05.2019 год во 15.00 часот во ОУ ,,Наум Наумовски Борче, нас.
Маџари
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) малолетен сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, и род, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Род-нападнато е девојче од нејзин соученик
3. Локација – настанот се случил во училиште во кое учат деца од различно етничко потекло, поточно Роми
и Македонци.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: констатиран прекршок по чл.34 од ЗППЈРМ
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.

Адреса
ОУ ,,Наум Наумовски Борче
Име на Локација
населба Маџари , Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Институција
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Физички нападната ученичка во ОУ „Н. Н. Борче- Маџари image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност Родов идентитет