Што се случило: На 22.05.2019 година во 19.30 часот во Полициската станица Центар, Е.И.(42) од с.Пагаруша
пријавил дека на 21.05.2019 година околу 18.00 часот наул.„11ти Октомври“ неговиот малолетен син бил
физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
*Во селото кое е во склоп на општина Студеничани според последен попис имало 227 Турци и 1 Албанец.
Датум, време и место на инцидентот: На 21.05.2019 година околу 18.00 часот на ул.„11ти Октомври“ (Рампа
Кисела Вода)
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: три (3) непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил дел од градот каде циркулираат луѓе од различна етничко потекло и каде
и претходно имало регистрирано вакви настани.
Статус на случајот: идентификуван сторител
Одговор на локалните власти: поднесен записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.