Што се случило: На 20.05.2019 година околу 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред бурекџилница
на ул.„Емин Дураку“ (Чаир) неколку непознати лица физички нападнале 13-годишно момче од Скопје. Притоа,
едно од лицата со остар предмет му нанел убодни рани во грбот и левата рака. Малолетникот бил пренесен
во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана помош и бил задржан на лекување. Се
преземаат мерки за расчистување на настанот.
Датум, време и место на инцидентот: На 20.05.2019 година околу 22.50 часот на ул. „Емин Дураку“ (Чаир)
Извор на информации: дневен билтен на МВР, makfax.com.mk; novamakedonija.com.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ) Телесна повреда (член 135 од КЗ) Обид за убиство (член
123 од КЗ)
Сторители: група непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во дел од градот каде циркулираат луѓе од различно етничко потекло и
каде и претходно имало регистрирано вакви настани.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: полицијата работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.