Што се случило: На 15.05.2019 година околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар
Македонски“, во автобус на ЈСП (бр. 2) кој сообраќал во правец од Бит Пазар кон Автокоманда, група млади
лица физички го нападнале Ф.S. (18) од Скопје, по што побегнале. Се преземаат мерки за целосно расчистување
на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 15.05.2019 година на бул.„Александар Македонски“, во автобус на ЈСП
(бр. 2)
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: група непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во автобус во кој се возат млади луѓе од различна етничко потекло и каде
и претходно имало регистрирано вакви настани.
Статус на случајот: затворен
Одговор на локалните власти: По консултација со надлежен јавен обвинител настанот е квалификуван како
нарушување на јавниот ред и мир со физички напад (чл.12 од ЗППЈРМ). Оштетениот се изјаснил дека нема да
поднесува пријава.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата и младите луѓе.