Што се случило: На 14.05.2019 година во 01.15 часот во СВР Скопје, А.Е. (44) од Скопје, пријавил дека истиот ден
околу 01.10 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од четири
непознати лица. Според пријавеното, неговиот син бил нападнат додека шетал со свој другар, кој успеал да
побегне. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 14.05.2019 година околу 01.10 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ (
Веро Центар/Транпортен центар)
Извор на информации: дневен билтен на МВР,
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: четири (4) непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничко потекло – жртвата била со поинаква етничко потекло од сторителите.
2. Локација – на бул. Кузман Јосифовски Питу многу често се регистрираат вакви инциденти, особено
меѓу малолетници, бидејќи на овој булевар има повеќе автобуски постојки кои поврзуваат различќни
локации од градот каде живее мешано население
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за расчистување на физичкиот напад.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.