Што се случило: На 29.04.2019 година во 11.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на гробиштата во
с.Брњарци имало оштетени неколку надгробни споменици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 29.04.2019 година на гробиштата во с.Брњарци
Извор на информации: дневен билтен на МВР, lider.com.mk; kanal5.com.mk
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ)
Сторители: непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
религија и верска припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Религија – стоиртелот е со поинаква вероисповест.
2. Начин на сторување на делото – и претходно на ваков начин се уништувале гробишта
3. Локација – во овој дел од земјата и претходно се регистрирани вакви случаи
4. Време – статистиката покажува дека вакви инциденти секогаш се случуваат за време на некој религиозен
празник.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Поднесено писмено известување во врска со кривично дело „Сквернавење
гроб“ по чл.400 од КЗ. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу припадниците на разлзични религии во општеството.