април 19, 2019

Испишан графит во Кисела Вода во врска со претстојните избори во 2019 година

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: На 19.04.2019 година во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објектот на месната
зедница „11-ти Октомври“ на ул.„Андреја Димишков“ бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се
преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 19.04.2019 година на објектот на месната зедница „11-ти Октомври“ на
ул.„Андреја Димишков“- Кисела Вода
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: непознат сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичка
припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – политички/општински објект
2. Модел на претходни инциденти – Пред секои изброи се регистрираат ваков вид на инциденти.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата политичка
и безбедносна состојба во земјата.

Адреса
ул.„Андреја Димишков“- Кисела Вода
Име на Локација
објект на месна зедница „11-ти Октомври“

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Испишан графит во Кисела Вода во врска со претстојните избори во 2019 година image