Што се случило: На 18.04.2019 година во 20.30 часот во СВР Скопје, А.Д.(34) од Скопје пријавила дека истиот
ден околу 13.30 часот на улица „Димитрија Чуповски“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од
неколку други малолетници. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 18.04.2019 година околу 13.30 часот на улица „Димитрија Чуповски“(„Рекорд“)
Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, skopje1.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – во овој дел од градот и претходно се регистрирани ваков вид на инциденти
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.
април 18, 2019
Истепан малолетник на „Рекорд“
Адреса
„Димитрија Чуповски“(„Рекорд“) Скопје
Име на Локација
„Димитрија Чуповски“(„Рекорд“) Скопје
Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Насилство
Име на Локација
Улица
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да