Што се случило: На 22.03.2019 година во 17.45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата
„Франклин Рузвелт“ во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу:
Ф.Ј.(18) од Визбегово-скопско и Е.Р.(18) од Скопје од една страна и А.К. и И.А.(25) од Скопје од друга страна.
При пресметката бил употребен и нож.. Со тешки телесни повреди се здобил И.А. констатирани од страна на
лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле Ф.Ј. и А.К. констатирани од
страна на лекар од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Тројцата се обезбедени, а се преземаат
мерки за пронаоѓање на Е.Р. и целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 22.03.2019 година во 17.45 часот на улица “Франклин Рузвелт“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум https://time.mk/c/235b58b24f/masovna-
tepacka-na-ruzveltova-blizu-sjo-ima-i-povredeni.html
Инволвирани жртви: три (3) жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (член 135 од КЗ) и Тешка телесна
повреда ( член 136 од КЗ)
Сторители: двајца (2) сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Од страна на Единицата за насилен криминал до ОЈО Скопје поднесено
е писмено известување во врска со кривично дело „Насилство“ од чл. 386 од КЗ. Се преземаат мерки и
активности за расветлување на кривично правниот настан по што ќе биде поднесена кривична пријава против
четири лица од Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.