Што се случило: На 26.01.2019 година околу 15.40 часот пријавено е дека во спортска сала во Средното
училиште „Зеф Љуш Марку” лоцирано на улица „Лазар Трпковски” во Скопје, К.Н.(34) и Г.Н.(44), двајцата од
Штип, додека се одржувал боречки натпревар биле физички нападнати од повеќе лица. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 26.01.2019 година околу 15.40 часот, спортска сала во Средното училиште
“Зеф Љуш Марку” во Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: две (2) жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: повеќе сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло и припадност на навивчка група – жртвите и напаѓачите биле од различна етничка
заедница
2. Локацијата – инцидентот се случил на спортски настан.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: На организаторот на натпреварот му е издаден прекршочен платен налог по чл.
15-а ст.1, а казнив по чл 3 ст. 7 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски
натпревари.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.