јануари 24, 2019

Искршено возило на грчкиот конзулат во Битола

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 24.01.2019 А.К во СВР Битола пријави дека е оштетено предно ветробранско стакло од
возило Мерцедес, сопственост на Конзулот на Грција во Битола, паркирано на улица Елпида Караманди во
Битола. Исто така, со тврд предмет е оштетен кровот на возило Опел Гранд Ланд, сопственост на неговата
сопруга, паркиран на улица Елпида Караманди, во Битола.

Датум, време и место на инцидентот: 24.01.2019, возило Мерцедес, сопственост на Конзулатот на Грција во
Битола, паркирано на улица Елпида Караманди во Битола.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: еден (1) неидентификуван сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: : Во овој инцидент пристрасниот мотив е националност/
државјанство, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е грчкиот конзулат во Битола
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти каде мотив бил грчкото
државјанство/националност

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата политичка
и безбедносна состојба во земјата.

Адреса
улица Елпида Караманди
Име на Локација
Битола

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Искршено возило на грчкиот конзулат во Битола image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Политичка припадност