јануари 22, 2019

Нови закани и повикување за насилство врз пратеници преку Facebook

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Што се случило: СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од село Агино Село, кумановско,
поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Ширење на расистички и ксенофобичен
материјал по пат на компјутерски систем” и „Загрозување на сигурноста“. Пријавениот, на негов профил на
социјалната мрежа „Facebook” објавил текст со заканувачка содржина, со кој повикувал на насилство кон
пратеници.
Делото е квалификувано како кривично дела од омраза од страна на МВР.

Датум, време и место на инцидентот: точно неопределен датум и време, преку социјална мрежа Facebook ,
МВР поднело пријава на 22.01.2019.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: неопределени
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144 ст 4, КЗ на РСМ) Ширење расистички и ксенофобичен
материјал по пат на компјутерски систем (Член 394-г КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) идентификуван сторител ( Д.В. 42).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – повикување и ширење на омраза и повикување на насилство преку
социјалните мрежи е се почест начин на извршување на дела од омраза.

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Поднесена соодветна кривична пријава за наведеното кривично дело (чл.144
Загрозување на сигурност и член 394-г Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски
систем) Делото е квалификувано како кривично дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба и политичката стабилност во земјата.


Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Нови закани и повикување за насилство врз пратеници преку Facebook image

Кривични дела

Против јавниот ред
criminal_offences_06_against_the_public_order_2: Spreading racist and xenophobic material via information system

Основа

Политичка припадност