јануари 13, 2019

Малолетници нападнати близу автобуските кај Веро Центар

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Р.С.(49) од Скопје пријавил дека на 13.01.2019 година околу 22.10 часот на булеварот
„Кузман Јосифовски-Питу“ три лица физички ги нападнале неговиот син и неговиот другар. Се преземаат
мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 13.01.2019 година околу 22.10 часот на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“
Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: две (2) малолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: тројца (3) непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив
е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локацијата – ова е локација во Центарот на Градот Скопје во близина на Транспортниот центар
и Веро Центар каде има многу автобуски постојки за локален превоз и каде се вкрстуваат многу
линии кои поврзуваат делови на градот населени со различни етнички заедници, а со тоа е им
место каде се мешаат многу лица со различно етничко потекло.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Нема потврда за индикаторите од МВР за овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
„Кузман Јосифовски-Питу“ Скопје.
Име на Локација
близина на Транспортниот центар и Веро Центар.

Број на жртви
2
Број на сторители
3
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Малолетници нападнати близу автобуските кај Веро Центар image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност