ноември 13, 2020

Физички напад во близина на игралиште на подрачје на Гази Баба

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 13.11.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје, А.С. (19) од с. Идризово, скопско пријавил дека околу 13.30 часот во близина на игралиште на подрачје на Гази Баба бил физички нападнат од малолетно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло затоа што жртвата била нападната поради тоа што зборувала различен јазик, а пристрасните индикатори се:

  1. Јазик на зборување – жртвата и напаѓачот зборувале на различен јазик
  2. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачот припаѓаат на различни етнички заедници

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физички напад во близина на игралиште на подрачје на Гази Баба image