Што се случило: На 02.10. околу 20.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул. 1732, 14 и 15 годишни малолетници, двајцата од Скопје, од една страна и 15 годишен малолетник од с. Шишево од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Сочинети се записници за констатирани прекршоци по чл.11 од ЗППЈРМ.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло поради тоа што тепачката настанала поради тоа што момчињата зборувале различни јазици, а пристрасните индикатори се:
- Јазик на зборување – засегнатите малолетници зборувале на различен јазик
- Етничкото потекло – инволвираните припаѓаат на различни етнички заедници
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството