Што се случило: На 22.08.2020, ТВ Сител сподели краткото видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, каде што група од три лица снимаат напад врз едно лице. Во видеото со знамиња е „обележана“ ентичката припадност на напаѓачите (албанско знаме) и нападнатиот (македонско знаме). Сепак, разговорот меѓу напаѓачите и нападниот не може да се слушне бидејќи е отстранет оригиналниот тон, а на видеото е монтирана музика. Министерството за внатрешни работи објави дека постапува за расчистување на случајот и по расчистувањето ќе ја извести јавноста.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:
- Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
- Модел на претходни инциденти – напади врз млади лица на улица, блиску училиште, во автобус
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.