август 10, 2020

Малолетник нападнат на ул. „Народен фронт“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 10.08.2020 во 03.50 часот И.С.(44) од Скопје пријавил дека на 09.08.2020 околу 23.40 часот на ул.„Народен фронт“ неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од едно непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  1. Модел на претходни инциденти – напади врз млади лица на улица, блиску училиште, во автобус.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Малолетник нападнат на ул. „Народен фронт“ image