јули 20, 2020

Неколку лица физички нападнале момче на бул.„Партизански одреди“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 20.07.2020 во 11.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.М.(22) од Скопје пријавил дека околу 08.00 часот на бул.„Партизански одреди“ бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  1. Модел на претходни инциденти – напади врз млади лица на улица, блиску училиште, во автобус

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Неколку лица физички нападнале момче на бул.„Партизански одреди“ image