Што се случило: На 28.04.2020 Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР на РСМ, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ по чл.144 ст.4 поднесе кривична пријава против С.М.(45) од Скопје. Пријавениот, на својот профил на социјалната мрежа Facebook на 24.04.2020 во 09:25 часот упатил сериозна закана насочена кон животот на владин функционер.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
- Модел на претходни инциденти – повикување и ширење на етничка омраза и повикување на насилство преку социјалните мрежи е се почест начин на извршување на политички мотивириани дела од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата.
Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители