февруари 10, 2020

Младо момче прободено со остар предмет на автобуска постојка во с. Бојане

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 10.02.2020 во 15.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било примено лице со убодна рана од остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Ш.М.(18) од с.Чајлане, скопско. Според пријавеното, околу 15.00 часот во с.Бојане, на автобуска постојка во автобус влегол Ј.Н. од с.Бојане и со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата надколеница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: : Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничка припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничка припадност – сторителот и жртвата се од различна етничка припадност
  2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат  инциденти

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата и безбедносна состојба во земјата.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Младо момче прободено со остар предмет на автобуска постојка во с. Бојане image