февруари 9, 2020

Напад врз студент во автобус поради неговата етничка припадност

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 09.02.2020, по претходно недоразбирање со друг сопатник во автобус бр.45, С.У. бил нападнат од страна на двајца контролори на ЈСП. Едниот контролор станал и од цел автобус, му побарал билет на С.У., издвојувајќи го него. Додека С.У. го пријавувал настанот во полиција на бројот 192 и разговарал со полицаецот, следувале низа закани од страна на контролорите дека ќе го удрат. Викале по него и насилно се однесувале. Потоа го фатиле за рака и насилно го бутнале надвор, при што паднал телефонот на С.У. За цело ова време лицето разговарало на телефон со полицискиот службеник од 192. Откако го симнале на станицата, исто така насилно му го одземале билетот. Го провериле и се увериле дека имал годишен билет и потоа билетот му го фрлиле на земја. Еден од контролорите запалил цигара и се заканил дека ќе му ја изгаси на чело. Пред да заминат му се заканиле со зборовите дека не знае со кој си има работа.

На 25.02.2020, Хелсиншкиот комитет поднесе кривична пријава против Н.Н службени лица во ЈСП вработени како контролори за сторено кривично дело „Расна и друга дискриминација“ член 417 од Кривичниот Законик.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  2. Локација – претходни напади на лица во автобуси

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Под истрага
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Напад врз студент во автобус поради неговата етничка припадност image